• Иван Димовски
Купот на Македонија во женска конкуренција дојде до својот крај, а трофејот го крена екипата на ЖРК Куманово. Во финалето оваа екипа и третпат го совлада ЖРК Вардар, овојпат по голема драма во Охрид со минимални 32-31.
По крајот на турнирот, пред доделувањето на пехарот се разделија и индивидуалните признанија. Иако го одиграа само финалето, бидејќи во полуфиналето без битка го прескокнаа откажаниот Металург, две од трите признанија завршија кај кумановчанки.
Најкорисен играч во Купот, сосема заслужено е Алмеида Коста Андреза. Бразилката која даде 11 гола во финалето беше главна алка до трофејот на својот тим, а исто така е прогласена и за најдобар стрелец. Се бираше и најдобра голманка, индивидуална награда која ја доби Андреа Илиќ, која ги брани боите на Вардар