• Иван Димовски

Во рамките на четвртото коло на плеј-аут сегментот во Суперлигата на Македонија, попладнево се одиграа четири средби. Куманово остана максимален, победи запишаа Голден Арт и Прилеп, а еден натпревар заврши нерешено.
Во првиот денешен дуел прилепчани рутински ја завршија работата против Вардар Неготино и славеа со 31-21 (14-9). Прилеп имаше контрола во текот на целиот натпревар и не дозволи никакво изненадување против бледиот противник. Најдобар на паркетот беше Христи Бикоски со седум погодоци.
- Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Вардар Неготино:
Голден Арт се радува на гостувањето кај Струга со 29-34 (11-18), за второ славје во доигрувањето. Славе Јанковски го наполни домашниот гол со осум реализации, водејќи ги скопјани до победата крај Охридското Езеро.
- Комплетниот натпревар меѓу Струга и Голден Арт:
Кумановчани го добија натпреварот во Радовиш со 24-33 (8-19), со нова убедлива партија во плеј-аутот. Куманово ја запиша четвртатата победа во исто толку натпревари, а до неа овојпат тимот го предводеше Никола Бечајац со девет гола. Во таборот на домашните најразигран беше Трајанов со единаесет погодоци.
- Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Куманово:
Нерешени 25-25 (14-11) одиграа Скопје 2020 и Јуниор Кисела Вода. Скопската пресметка во салата „Форца“ понуди израмнето надигрување, кое на крајот заврши со делба на пленот.
- Комплетниот натпревар меѓу Скопје 2020 и Јуниор К. В:
Со четири победи на табелата најдобро котира Куманово, пред Прилеп кој има една помалку. Следат Голден Арт, Скопје и Вардар Неготино, на местото кое води во бараж е Јуниор Кисела вода, додека Струга и Радовиш се на дното.