Кулак не доаѓа во Вардар, ги одбра „мечките“ од Чехов

Артем Кулак важеше за еден од ракометарите кој можеше да го засили Вардар, меѓутоа белорускиот репрезентативец реши кариерата да ја продолжи во Русија.

24-годишникот до скоро беше член на Мешков Брест, а по крајот на актуелната сезона ја напушти екипата. Како слободен бараше нова средина, а изборот падна на рускиот првак Чеховски Медведи.

„Мечките“ од Чехов со Кулак потпишаа договор за следната сезона. Средниот бек во изминатите пет сезони играше за Мешков Брест, но во последната авантура не се изнаигра во Лигата на шампионите.