• Саше Љолес

Ракометарот на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски, го најави натпреварот против Струга во македонската Суперлига, кој ќе претставува „езерско“ дерби на тимовите од соседните градови.
Охриѓани се во добар моментум после триумфот над Слога Добој во Еврокупот на ЕХФ, а добрата форма Кукуловски очекува да биде пренесена и на предизвиците во домашното првенство.
„После мечот со Слога Добој ни следува езерското дерби против Струга, екипа составена од млади играчи кои сакаат да се прикажат во одлично светло и да се докажат во оваа конуренција.
Знаеме дека ја имаме фаворитската улога, но ќе излеземе на натпреварот со максимална посветеност и ќе се обидеме да оствариме уште една победа за нашите навивачи“, изјави Кукуловски.
Соседското дерби меѓу ГРК Охрид и Струга ќе се одигра на 19 ноември во салата „Билјанини Извори“. Почетокот е закажан за 18:00 часот.







