Кукуловски: Си ја завршивме работата, сигурни сме во нокаут-рундата

Во името на Вардар по посакуваната победа над Мотор Запорожје (38-28) говореше и Дејан Кукуловски. Ракометарот на „црвено-црните“ кој на дуелот со украинскиот првак даде два гола истакна дека целта е остварена, а тоа е победа и пласман понатаму.

„Добро бевме спремни за Мотор. Дадовме се од себе. Дојдовме до посакуваните бодови. Осигурано е нашето место во нокаут-рундата. Но, фокусот ни е вперен кон Порто, сакаме добар резултат и таму“, изјави Кукуловски.

Вардар моментално е петтопласиран во групата и е сигурен во осминафиналето. За подобар пласман во групата многу одговори ќе даде дуелот против Порто кој се игра во Португалија на 22 февруари.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4