Кукоски: Победа во Автокоманда може да ни донесе голема самодоверба пред плеј-офот

Во рамките на 22 коло од Суперлигата ракометарите на ГРК Охрид во среда попладнев гостуваат кај екипата на Алкалоид во последниот натпревар од регуларниот дел.

Дуелот нема голем резултгатски значај за момците на Алушевски, кои во разигрувањето ќе влезат од четвртото место.

„Ни следи тежок натпревар кој за нас нема ништо да смени на табелата доколку го загубиме, но може многу да добиеме ако победиме пред почеток на плеј-оф за самодоверба и добра атмосфера во екипата која ќе биде клучна во овој дел од првенството“, вели Милорад Кукоски.

Натпреварот се игра во салата „Автокоманда“ в среда со почеток во 19 часот.