Кудуз како МВП доаѓа во Вардар

Анте Кудуз, хрватскиот ракометен бек со двојна титула доаѓа во Вардар. Повремениот репрезентативец на „коцкестите“ со својот Динамо Букурешт уште еднаш ја потврдија доминацијата во романскиот ракомет и по освоената титула во шампионатот, денес славеа и во Купот.

Во големото Куп-финале Динамо Букурешт на убедлив начин и со седум гола разлика славеше над Доброгеа Суд, за круна на фантастична сезона (27-20).

Токму новиот вардарец беше еден од најдобрите ракометари на Динамо на овој турнир. Финалето го заврши со седум постигнати гола, а тоа беше доволно да се закити и со индивидуално признание.

26-годишниот бек беше избран за најкорисен играч во Куп завршницата, со што на фантастичен начин ја заврши својата авантура во романскиот шампион.