• Зоран Мишевски
Франција ја симна олимписката круна од главата на Русинките и освои олимписко злато во ракомет во женска конкуренција., Во нерамноправмно финале Оливие Крумбул им се реваншира на Русинките за поразот во натпреварот за златото пред пет години и освои дванаесетти медал во кариерата (четврто злато). Финалето донесе 40-тина минута рамноправна игра, а потоа Франција се одлепи за финални 30-25.
Русинките, кои извојуваа победа во дуелот од групната фаза, одлично отворија, Седојкина одбрани неколку топки и со головите на крилата во првите десет минути предноста изнедуваше 1-2 за бранителот на олимпиското злато од Рио, Но, се разигра 20-годишната Фопа и постигна шест гола до крајот на првиот дел. Кога ѝ се приклучи ветеранката Алисон Пино, со голови од седум метри, Франција го сврте резултатот. Со константна предност девојките на Крумболц на одмор заминаа со 15-13.
Вториот дел започна со голови на Виехирева и израмнување. Сепак, голманката Клеопатра Дарло се разбрани (девет интервенции во вториот дел), Франција постигна лесни голови и во 40. минута дојде до +4. Алексеев се обиде со тајм-аут и замени да го прекине ритамот, но наместо тоа Франција зголеми на шест разлика. Задоцнет беше финишот на Илина и Виахирева и Франција без драма издвојува победа од 30-25. Ова е третпат во историјата на ист олимписки турнир и машка и женска селекција на една земја да освои златен медал. Последен таков случај беше југословенската репрезентација во Лос Анџелес во 1974 година.
Најефикасни во францускиот табор беа Фопа и Пино со по седум погодоци, а кај Русија одличен финален натпревар одиграа Виахирова со седум и Дмитрова со пет гола.
Во натпреварот за третото место, одигран за време на ноќта, Норвешка убедливо ја совлада Шведска со 36-19.