• Горан Упале
Љубителите на ракометот покрај Охридското езеро викендов ќе уживаат во уште едно дерби. Во суперлигашкиот плеј-оф ќе се судрат екипите на Охрид и Струга.
Во редовите на „гладијаторите“ владее оптимизам пред средбата со секогаш незгодната Струга. Средниот бек Горан Крстевски е свесен за квалитетите на противникот, но верува во победа на својот тим.
„Во сабота го играме езерското дерби. На гости ни доаѓа екипата на Струга, која е незгодна и не смее да се потцени. Се надевам дека со квалитетна игра ќе стигнеме до нова победа и бодовите ќе останат во Охрид“, рече поранешниот репрезентативец на Македонија.
Во првото коло од плеј-офот, Струга беше поразена од Тиквеш, додека Охрид ја доби драмата на гости кај Бутел.