Крстевски го напушти Еурофарм и минутажа ќе бара во австриски Линц

По три години во Битола, носејќи го дресот на Еурофарм Работник, Горан Крстевски се реши за нов предизвик во својата кариера и за првпат ќе се натпреварува надвор од нашите граници. 

Привремениот репрезентативец на Македонија поради големата конкуренција во битолскиот тим го загуби првотимскиот статус, па затоа се реши поголема минутажа да бара во нов клуб. Негова нова средина ќе биде Австрија, односно тимот на Линц, каде ресенчанецот потпиша двегодишен договор. 

23-годишниот лев бек на последниот Мундијал во Германија и Данска го постигна својот гол-првенец за репрезентацијата, а пред да се пресели во Битола ги бранеше боите на Металург

Крстевски е третото заминување од редовите на Еурофарм Работник ова лето, откако Фарук Мемиќ се реши да замине во пензија, а Филип Кузмановски се сели во Магдебург во Бундеслигата.