Крстевски: Бутел не е за потценување, мора да одиграме максимално

Ракометарите на Охрид во рамките на второто коло од Суперлигата ќе го дочекаат Бутел Скопје во својата сала „Билјанини Извори“. 

Пред првиот домачен натпревар сезонава своето очекување го изнесе средниот бек на „гладијаторите“, Горан Крстевски. Тој нагласи дека мора да се одигра максимално борбено. 

„Во сабота го играме првиот натпревар за оваа сезона на домашен терен. На гости ни доаѓа екипата на Бутел која воопшто не е за потценување. Треба максимално да се влезе во мечот и со добра игра да стигнеме до нови бодови“, изјави средниот бек на охриѓани.

Средбата меѓу Охрид и Бутел е на програмата в сабота во терминот од 20:00 часот.