Крсманчиќ: Милано создаде одлична хемија, титулата е на пат за Скопје!

Екипата на Вардар 1961 оствари огромна победа над Еурофарм Пелистер во плеј-офот на македонската Суперлига и повторно е лидер на првенствената табела. 

Во таборот на двокраниот европски шампион владее големо задоволство од триумфот над вечниот ривал, а тоа го потврдува и искусниот Младен Крсманчиќ, кој најави голема борба за шампионската титула. 

„За разлика од претходните мечеви, овој го отворивме во одличен стил. Тоа ни помогна да добиеме самодоверба и наметнавме силно темпо. Изгледавме одлично на теренот, а имавме шанса да поведеме и со шест гола разлика. 

Ваквите натпревари бараат големо искуство, а во нашиот тим има одличен спој на повозразни и помлади играчи. Тренерот Милано успеа да создаде одлична хемија и секој ракометар точно ја знае својата улога.

Тренираме одлично и сега можам да кажам дека сме квалитетно воиграни како колектив. Се надевам дека титулата е на пат за Скопје“, рече Србинот во изјава за „Balkan-Handball“.

Вардарци сега се насочуваат на завршницата во Купот на Македонија, а во следното суперлигашко коло ќе се сретнат со екипата на Алкалоид.