Кронберг: Вардар беше многу подобар од нас

Тренерот на Колдинг Копенхаген, Хенрик Кромберг советува

По ваков дебакл не беше лесно да се говори пред новинарите, но тренерот на Колдинг Копенхаген, Хенрик Кронберг јавно ја призна супериорноста на Вардар и обелодени дека еден клучен ракометар му се повредил на вчерашниот тренинг и му расипал дел од плановите. 

„Сакам да му честитам на Вардар за победата, денес покажаа дека се силен тим со квалитетни играчи кои играат на високо ниво. Мислевме дека вечерва ќе ни биде наклонета среќата, по оние добри натпревари со Киелце и Барселона, да освоиме некој бод, но не успеавме. За жал синоќа на тренингот се повреди Тино и тоа беше голем хендикеп за нас. Вардар почна многу добро и уште по 15 минути го реши мечот. Тие беа многу подобри од нас“, изјави тренерот на Колдинг Копенхаген, Хенрик Кронберг. 

Колдинг Копенхаген нема повеќе опции во оваа многу силна група и тоа можеше да се почувствува попладнево во СЦ „Јане Сандански“. Веројатно од оваа сезона на екипата на Кронберг ќе му останат само блесоците, како мечот со Вардар во Данска и одличното прво полувреме во „Палау Блауграна“ во Барселона.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВеспремВеспрем 1 1 0 0 40:28 12 2
2 ВардарВардар 1 1 0 0 33:31 2 2
3 ПортоПорто 1 1 0 0 27:25 2 2
4 КиелцеКиелце 1 0 1 0 30:30 0 1
4 КилКил 1 0 1 0 30:30 0 1
6 МонпелјеМонпелје 1 0 0 1 31:33 -2 0
7 Мешков БрестМешков Брест 1 0 0 1 25:27 -2 0
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 0 0 1 28:40 -12 0