ФОТО: Кристопанс позираше со дресот на Фуксе Берлин

Кристопанс

Летонецот Даинис Кристопанс си замина од Вардар и ја засили екипата на Фуксе Берлин. Десниот бек потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа ќе замине во редовите на ПСЖ, каде ќе игра под палката на Раул Гонзалез.

>> ОФИЦИЈАЛНО: Кристопанс од 2020 ќе го замени Вардар со ПСЖ и повторно ќе игра за Раул

29-годишникот го напушти Скопје поради финансиските проблеми со кои се соочува македонскиот и европскиот првак. Корпулентниот „бомбардер“ ќе биде одлично засилување за „лисиците“ во преостанатите месеци во сезоната.

215-сантиметри високиот ракометар двапати ја освои Лигата на шампионите со „црвено-црните“, но не го издржа овој црн период со кој се соочува македонскиот клуб.

Денес Кристопанс за првпат позираше со дресот на тимот од Берлин и беше претставен пред навивачите. Покрај него на прес-конференцијата беше легендарниот Стефан Кречмар.

 
Кристопанс