Кристопанс: Не сакам да ја навредам Германија, но навикнат сум на „паметен“ ракомет

Кристопанс

Даинис Кристопанс беше едно од најзвучните заминувања од Вардар, поради лошата финансиска ситуација во изминатиот период. Тој одлучи да ја продолжи кариерата во Германија и да го облече дресот на Фуксе Берлин.

Летонецот беше претставен како огромно засилување до крајот на тековната сезона, која за жал беше прекината поради коронавирусот. Периодот минат во Бундеслигата за 29-годишникот донесе еден поинаков ракомет, кој повеќе се базира на индивидуален квалитет, отколку на тактичка подготовка и игра.

„Тимовите немаат толку многу време да се подготват за натпреварите. Тактиките не се толку длабоки и има минимална подготовка пред секој меч. Повеќе се внимава индивидуално мајсторство. Бундеслигата е идеална за играчи кои се индивидуално добри, на кои не им треба добар тим, или кои сакаат да се докажат. Бундеслигата не е мое омилено првенство. Не сакам да ја навредувам Германија, но навикнат сум на попаметен ракомет“, изјави Летонецот.

Од наредната сезона Кристопанс ќе биде дел од тимот на ПСЖ, клуб со кој потпиша уште минатата година.