Кристопанс ќе дебитира против Магдебург на Кузмановски

Кристопанс Даинис

Летонецот Даинис Кристопанс кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата. Од пред неколку дена, десниот бек стана член на Фуксе Берлин, четвртопласираниот тим во германското првенство.

За време на викендот 29-годишниот „џин“ ќе дебитира во новата екипа. Противник ќе биде Магдебург, клуб каде настапува македонскиот интернационалец Филип Кузмановски. Дербито ќе се одигра в недела со почеток од 14:05 часот, а бодовите за двата тима се важни во борбата за местата кои водат во Европа.

Кристопанс го напушти македонскиот клуб поради финансиските проблеми. Договорот со „лисиците“ му е до крајот на сезоната, по која ќе замине во ПСЖ.

Пред да дојде во Македонија, Летонецот настапуваше за Татран Прешов и Мешков Брест.