Кристопанс и соиграчите се откажаа од своите плати за да го спасат Фуксе Берлин

Кристопанс Даинис

Боб Хенинг, генералниот директор на Фуксе Берлин, изјави дека раководството на бундеслигашот постигна договор со ракометарите околу нивните финансиски примања за време на пандемијата со коронавирусот.

Голем број на спортски колективи се соочуваат со огромни загуби заради високите плати на своите играчи, а поради суспендирањето на сите натпреварувања приходите речиси им се сведени на минимум. 

Како што вели Хенинг, играчите се согласиле да не земаат плата во овој период додека трае пандемијата, само за клубот да не претрпи големи загуби.

„Одушевен сум од фактот што многу брзо се договоривме со нашите ракометари. Сите учествуваа во оваа акција, со цел да ја пребродиме оваа тешка ситуација“, рече Хенинг. 

Овој потег на ракометарите на Фуксе Берлин е за поздрав и многу веројатно истиот ќе го применат уште голем број на спортисти.