Кристопанс блесна на стартот, Фуксе го победи Магдебург

Екипите на Фуксе Берлин и Магдебург го одиграа највозбудливиот натпревар во рамки на германската Бундеслига и истиот заврши со резултат 25-24 (12-13) за „лисиците“.

Мечот беше крајно неизвесен, а прашањето околу победникот се реши во последната минута. На триесет секунди пред крајот Фуксе Берлин успеа да реализира преку Ханс Линдберг (25-24), па Магдебург го имаше последниот напад за реми, но немаше реализација.

Најефикасен на средбата беше Друкс со шест гола, а блескаво деби имаше Даинис Кристопанс кој даде четири гола од четири обида, со уште две асистенции и една украдена топка. Кај Магдебург, Петерсон имаше пет гола, а Филип Кузмановски заврши без учинок.

За Фуксе Берлин ова беше седумнаесетта победа во Бундеслигата, а Магдебург три кола е без триумф и падна на петтото место.