Кристјансон: Македонија игра преку „мозокот“ Лазаров, важи за голем фаворит

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Бахреин ќе биде следен предизвик за Македонија на Светското првенство (СП) во ракомет кое се игра во Германија и Данска. Селекторот на азиската селекција, Арон Кристјансон, го најави дуелот, за кој вели дека Македонија е апсолутен фаворит.

„Не очекува еден тежок меч. Македонија има добар тим, микс од искуство и младост која дава енергија, затоа што младите кои дојдоа во националниот тим имаат талент. „Мозокот“ во тимот е Лазаров, играат добро и преку пивот. Ќе мора да одиграме врвно во одбраната. Исто така, го имаат и Ристовски меѓу стативите. Имам познавања околу ракометот во Македонија, ќе ми биде корисно за следната средба. Но, како и да е, ќе мора да се помачиме. Македонија е фаворит, но ние ќе се бориме. Притисокот е на нивната страна, тоа може да е наша предност“, изјави Кристијансон.

Натпреварот меѓу Македонија и Бахреин се игра в недела од 14:00 часот. Во првото коло Македонија славеше над Јапонија, додека Бахреин доживеа пораз од фаворитот во групата Шпанија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0