• Зоран Мишевски
Првакот на Шведска Кристијанштад доведе големо засилување како би го подигнал нивото во продолжението на сезоната. Екипата која ја води Љубомир Врањеш го доведе поранешниот шведски репрезентативец Фредерик Петерсен.
36-годишниот ракометар има богато искуство од настапи во шампионати ширум Европа. Петерсен во Кристијанштад доаѓа од Малме, а претходно ги бранеше боите на Малме, Фуксе Берлин, Хамбург, Истад, Силкеборг и Гудме.
Со само една победа во осум натпревари во групата Д на Лигата на шампионите, Кристијанштад е последнопласиран и следниот викенд ќе ги заврши европските натпревари за оваа сезона.