Кристијанштад губеше цел меч, но по првото израмнување грабна бод против Кадетен

Екипата на Кристијанштад ниту по четвртиот натпревар во новата сезона на Лигата на шампионите не успеа да ја забележи својата прва победа, но барем го запиша првиот бод во групата Б. 

По одлично второ полувреме шведскиот претставник успеа да ја анулира негативата од првиот дел и одигра нерешено во дуелот со тимот на Кадетен Шафхаузен. 

Швајцарците доста мотивирано го започнаа мечот, во моменти имаа и позитива од шест гола разлика, но како се доближуваше крајот на мечот, така водството се топеше и Кристијанштад стигна до 24-24 и по своето прво израмнување на мечот го освои првиот овосезонски бод во Лигата на шампионите.

Гудмундсон со девет гола беше убедливо најпрецизен на мечот, додека кај госите се истакна Цезар со седум, а солиден беше и Сесум со четири погодоци.