• Иван Димовски
Ракометарите на Кристијанштад приредија изненадување и го победија Мелсунген (31-30) во третото коло од главната фаза на Европската лига на ЕХФ.
За разлика од претходниот меч во Скопје, на оваа средба во Шведска германската екипа допатува со посилен состав. Заиграа дел од ѕвездите, но Мелсунген пак не беше во полна сила. И покрај тоа, Кристијанштад беше помотивиран и стигна до победата.
Овој резултат беше подвиг на шведскиот клуб, а истиот може да направи хаос во групата 3 од оваа фаза. Швеѓаните стигнаа до четири бода, исто колку што имаат Вардар и Бенфика (пред денешниот дуел), а Мелсунген има шест бода.
Во групата ситуацијата е комплицирана, а разврската ќе биде следната седмица кога Вардар му гостува на Мелсунген, додека Кристијанштад е домаќин на Бенфика.


