Кристијанштад со грешка ќе ги пречека вардарци во Шведска

Ракометарите на Сесвете и Кристијанштад одиграа возбудлив натпревар во второто коло од групата Ф од Европската лига на ЕХФ, а на крајот ривалите мораа да се задоволат со поделба на пленот поради ремито со конечни 32-32. Токму Кристијанштад е следниот ривал на Вардар во Европската лига на ЕХФ, црвено-црните во ноември гостуваат во Шведска.

Гостинскиот тим одигра подобро во првото полувреме и на паузата имаше предност од два гола (13-15), но Сесвете заигра во посилен ритам и пружи силен отпор во вториот дел. Домаќините се вратија во игра и го презедоа водството (31-29) во 56. минута, но Швеѓаните успеаја да се вратат и до крајот се изборија за бод од ова гостување. 

Кристијанштад сега има три бода, додека Сесвете го освои првиот бод во оваа конкуренција. Најдобар поединец кај домаќините беше Матеј Свржњак со седум гола, а на спротивната страна еден гол повеќе постигна Албин Селин.  

На останатите натпревари во истиот термин, беа забележани уште неколку интересни резултати. Хановер го совлада Прешов со убедливи 40-28, Скандерборг беше подобар од Слован со 34-30, додека германскиот Кил беше убедлив против Остров Виелкополски (34-21).