Кристијан Грчевски останува селектор, доби договор до 2026 година

Кристијан Грчевски ја доби довербата од Управниот одбор на Ракометната федерација и останува на селекторското место во женската репрезентација на Македонија

Нашите девојки успеаја после долго време преку квалификацискиот циклус да се пласираат на Европското првенство, а таму освоивме и еден бод против селекцијата на Турција, па сите овие успеси беа доволна причина за продолжување на соработката со Грчевски. 

Новиот договор ќе биде со важност до летото 2026 година, период во кој ќе се очекува националниот тим да продолжи со добрите резултати.