ВИДЕО: Креативност на највисоко ниво – Зарабец „продаде“ магична асистенција против ПИК Сегед

Зарабец

Екипата на Кил со идентичен резултат како и на првата средба успеа да го потврди триумфот во двомечот против ПИК Сегед на патот до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Сагосен блесна со девет погодоци, а Зарабец не постигна ниту еден, но го направи потегот на натпреварот. Словенечкиот плејмејкер покажа исклучителна креативност и без гледање додаде на линијата од шест метри, каде Винчек немаше проблеми да ја погоди противничката мрежа.

  • Асистенцијата на Зарабец против ПИК Сегед:

Четвртфиналната фаза носи неколку дерби средба, а една од нив ќе ја одиграат екипите на Кил и Пари Сен Жермен.