ФОТО: Кратка, но „тешка“ клупа на МАКС Струмица

Во моментов во СЦ „Јане Сандански“ се игра претпоследниот натпревар од сезоната помеѓу старо-новиот шампион Вардар и моментално третопласираниот тим на МАКС Струмица.

Актуелните вицешампиони, кои сезонава поминаа низ турбулентен период, сепак се созедоа на време, ги консолидираа своите редови и успешно ја финишираа сезоната, со трето место и излез повторно во Европа.

Клупата за резервни на тренерот Ванчо Трендафилов е доста тенка на денешниот дуел, но судејќи од сликата и тоа како тешка.