ФОТО: Кратка церемонија и благослов на Хасан Мустафа на отворањето на СП во ракомет

Со церемонијал од неколку минути и говор на првиот човек на Интеренационаолната ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа денес во Каиро официјално беше отворен 27-от Светски шампионат во ракомет во машка конкуренција. Нешто повеќе од две децении од првиот организиран Мундијал, земјата на фараоните пак ќе ви вдоми најдобрите светски селекции, првпат во формат од 32 репрезентации.

Кратка музичко-танцова програма му претходеше на натпреварот Египет - Чиле, а инволвирани беа танчери и професионалци од земјата домаќин. 

Мустафа им посака добредојде на сите репрезентации, вети максимално организиран и безбеден турнир и искажа жалење, што на Светското првенство не може да присуствуваат гледачи.

Со исклучок на неколку селекции, учесниците на турнирот веќе се во Египет и се тестираат, за да бидат подготвени за натпреварите. Македонија ќе пристигне вечерва, а ќе тренира утре наутро во најголемата арена на шампионатот, во главниот град.

Дебито на нашата селекција е утревечер од 20:30 часот против Шведска