• Горан Упале
Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вечерва го игра последниот натпревар во својата блескава кариера. Неговиот Нант ќе се судри во големиот ривал ПСЖ во финалето на Купот на Франција.
Нашиот ас не можеше да посака поубав крај на кариерата, затоа што ќе се бори за трофеј со најскапиот ракометен тим на светот, а од трибините ќе добие и македонска поддршка. Неколкумина македонски фанови веќе се во Париз и беа пречекани токму од ракометната легенда, а нивната средба беше овековечена со фотографија.
Пред неколку дена Лазаров на спектакуларен начин беше испратен од домашната публика во Нант, каде што ги мина последните пет години од својата кариера.