Краљевски си замина од ЖРК Куманово и веќе е нов тренер на Динамо Панчево

Ненад Краљевски е претставен за нов тренер на Динамо Панчево, клуб кој се натпреварува во српската Суперлига. 

Краљевски по освојувањето на двојната круна со ЖРК Куманово се реши за нов предизвик во својата кариера и потпиша довегодишен договор со српскиот тим. 

Во досегашната кариера искусниот стратег бил на чело уште на Жуниор, БАСК, Мојковац, Прибој, Железничар од Сараево, женската репрезентација на Шри Ланка, кадетската селекција на Црна Гора и кадетската селекција на Србија. Во 2008 година ја стана шампион на Србија со Црвена Звезда. 

Во редовите на Динамо Панчево, Краљевски доаѓа на местото на Аким Комнениќ, кој е префрлен во академијата на клубот.