Крај на сезоната во Словенија, Целје го доби шампионскиот пехар

Здружението на ракометни прволигаши во Словенија одлучи да ѝ стави крај на сезоната и да го потврди моменталниот пласман на табелата за конечен.

Коронавирусот зеде голем замав во Европа и не може да се предвиди уште колку долго епидемијата ќе трае. За да ги намалат сите трошоци на клубовите, од Словенија решија да прогласат крај на првенството.

За шампион на земјата е крунисан Целје, второто место припаѓа на Рико Рибница, третопласирана е екипата на Тримо Требње, додека четвртото место му припаѓа на некогашниот првак Горење.

Поради пласманот на табелата Тримо Требње и Рико Рибница ги чека настап во Европската лига, додека Горење ќе се најде во ЕХФ Купот. Целје, пак, ќе чека за можна „виза“ во новата Лига на шампиони.