• Мартин Танасковски
Француски Монпелје ќе има нов тренер по долго време, затоа што актуелниот стратег Патрис Канаје најавил дека се повлекува од позицијата по крајот на актуелната сезона.
62-годишниот француски тренер имаше неверојатна ера во клубот затоа што 30 години без престан беше на кормилото. Од 1994 година, Канаје го водеше францускиот бренд, а со него двапати ја освои Лигата на шампионите.
Исто така зад своето име тој со клубот има 14 титули во Франција, уште 13 Купа на Франција и 12 Лига Купови, осум пати беше тренер на сезоната во најдобрата француска лига, а во 2018 година, кога Монпелје го победи Вардар, па Нант на Ф4, беше прогласен за тренер на годината во ЛШ.
Пред да пристигне во Монпелје, Канаје го водеше тимот на Париз од 1988 до 1994 година.