Крај на гигантот: Трократниот европски шампион прогласи банкрот!

Норвешки Виперс Кристијансанд заминува во историјата. Клубот не собра повеќе од 2.000.000 евра, па претсанува да постои и прогласи банкрот.

Тимот за време на викендот победи во Лигата на шампионите против Будуќност од Подгорица со 32-23, што беше последен меч за најдобриот тим на Стариот континент во 2021, 2022 и 2023 година.

Гигантот на норвешкиот ракомет прогласи банкрот бидејќи не успеа да собере нешто повеќе од 2.000.000 евра, поточно 2.120.000, па ќе бидат избришани сите резултати на овој клуб во шампионатот и во Лигата на шампионите.

Државата Норвешка не интервенира за да го спаси клубот, дури ни кога е во прашање брендот, еден од најпопуларните спортови во оваа скандинавска земја - ракометот.

Виперс Кристијансанд беше вистински гигант, проект кој донесе големи успеси. Во Норвешка се вратија најголемите ракометни ѕвезди за да играат за клубот, меѓу нив и легендарната Катрин Лунде и Нора Мерк. Имаше и други големи имиња од женскиот ракомет, но веќе тоа е историја.