Крај на една ера – Иван Чупиќ за последен пат го облече вардаровиот дрес во ЛШ!

Вардар ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со вториот пораз од Веспрем во осминафиналната фаза.

Овој натпревар беше последен за Иван Чупиќ во клупското натпреварување како член на македонскиот гигант. 35-годишникот на крајот од сезоната заминува од Скопје и ќе се пресели во екипата на ППД Загреб.

Миленикот на навивачката група „Комити“ вечно ќе се памети поради неговите залагања и настапи во изминатите сезони. Тој беше човекот кој го постигна историскиот погодок за европска титула во 2017 година, кога вардарци се радуваа во финалето во Келн против можниот Пари Сен Жермен. 

ПОВРЗАНО >>> ЧУПИЌ СО ГОЛ ВРЕДЕН ЕВРОПСКА ТИТУЛА! Еве како Вардар го победи ПСЖ во последната секунда

Хрватот даде сè од себе во изминатите пет сезони и беше дел од најуспешните години во историјата на клубот. Две години по првата, десното крило ја сочинуваше и генерацијата ракометари кои го донесоа вториот европски трофеј во Македонија

Чупиќ и во оваа сезона, кога Вардар има големи финансиски и проблеми со играчки кадар, е вистински лидер и еден од најдобрите на секој натпревар. За него останува достојно да ги одигра останатите неколку месеци во вардаровиот дрес, а потоа да каже збогум на клубот во кој значително ја збогати својата кариера...