• Зоран Мишевски

Никој во таборот на Хипо не очекуваше подвиг на мечот во Скопје против Вардар. Ако ја имаа истата екипа од пред 15-16 години, можеби и ќе беа разочарани од поразот од 37-25, но вака Австријците спортски подадоа рака и ја честитаа победата на „вардарки“.
„На почетокот бевме добри, си ја најдовме нашата игра, добри бевме тактички. Сепак знаевме дека ќе немаме сила да издржиме до крај со тие супер ракометарки, да ја издржиме нивната сила и нивната брзина. На крај барем се потрудивме. Задоволни сме од првото полувреме“, вели Мартина Горичанец.
Тренерот на гостинките, Унгарецот Ковач смета дека неговиот тим дури и добро минал со ваков пораз, бидејќи пред мечот очекувал поубедлив пораз.
„Пред натпреварот мислев дека ќе загубиме со 15 гола, а потоа видов дека добро функционира сѐ, меѓутоа не ни очекував дека ќе водиме во второто полувреме. Тоа беше натпревар во кој Вардар немаше што да загуби или добие и затоа тие не беа добро концентрирани. До 40. минута имавме добар натпревар, добро игравме, но знаев дека Вардар на крајот ќе победи, затоа што е добар тим со добри ракометарки", тренерот на австрискиот првак Ференц Ковач.