Котевски си замина од Бутел, младиот Грчевски негов наследник

На големо изненадување на македонската јавност, Игор Котевски не е повеќе тренер на претставникот во ЕХФ Купот и изненадувањето на минатата сезона, Бутел Скопје. Причините за разделбата со скопскиот суперлигаш се непознати, но оставката е неотповиклива.

Битолчанецот беше најзаслужен за прогресот на клубот од Првата лига во еврооските натпреварувања, промовираше неколку нови имиња, а и ова лето доведе засилувања за подигнување на нивото на квалитетот.

Кога се очекуваше почеток на подготовките, Котевски и управата се разидоа во ставовите и тренерот си замина од тренерската позиција. Бутел веќе го назначи неговиот наследник, а тоа е младиот Кристијан Грчевски. 

Ова заминување значи ново тренерско име на четврти суперлигаш, откако за разлика од минатата сезона нови предводници ќе имаат и Вардар, Металург и Охрид.