Костески во потесниот избор на „Хендбол Планет“ за најдобро младо крило на сезоната

По завршувањето на секоја ракометна сезона, традиционално специјализираниот интернет медиум за ракомет, „Хендбол Планет“ организира избор на најдоброто во сезоната.

Во потесниот избор за најдобро младо десно крило на светот се најде и еден македонски репрезентативец. Ненад Костески одлично одговори на предизвиците во дресовите на Еурофарм Пелистер и Македонија, одигра одлична сезона, а тоа му донесе и место меѓу најдобрите четворица млади десни крила на светот.

Конкуренцијата на нашиот репрезентативец е доста голема, затоа што Костески за противници ги има Мамаду Диоко од Барселона, Валтер Шринц од Фуксе Берлин и Фран Милета од Нексе Нашице.

Својот глас за Ненад Костески во изборот за најдобро младо десно крило на годината, можете да го дадете на ОВОЈ линк.