• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Никола Костески имаше нова солидна партија во Австрија за неговиот Линц и лигашкиот дел го завршија со победа.
Линц на домашен терен славеше над Брегенц со 34-30, иако важеше за аутсајдер на хартија. Костески на оваа средба постигна шест гола, а зад своето име покрај шесте гола запиша и една асистенција, а имаше и три украдени топки и еден изнуден пенал.
Австриската федерација донесе одлука следната сезона да нема испаѓање од прволигашкиот ранг, па така, Линц и догодина ќе игра во елитата. Тимот на Костески го чека уште еден натпревар, тоа е против Холдинг Грац, за деветтото место на табелата.
Австрискиот шампионат догодина ќе брои 12 екипи, а најблиску до влез од второлигашите е Холабрун, тим во кој настапува македонскиот интернационалец Влатко Митков, кој претходно играше Прва лига со Брегенц и Кремс.