• Горан Упале

Македонскиот ракометар Никола Костески одново имаше забележителен настап во Австрија и со двоцифрен број на голови беше најзаслужен за пласманот на својот нов тим во второто коло од Купот.
Поранешниот репрезентативец не знаеше за промашување против Вествиен и фантастичната партија во дресот на Холабрун ја запечати со единаесет гола од исто толку обиди. Неговиот нов тим на крај славеше убедлива победа од 43-16.
Костески одигра четириесет минути на овој натпревар и со единаесетте погодоци беше прв стрелец во тимот пред Шоп, кој имаше осум.
Стружанецот ова лето беше мета не неколку бундеслигаши и екипи кои играат во Европската лига, но поради проблеми со документацијата не успеа да ги реализира овие трансфери.