Костески пак одличен, но Линц пак поразен во австрискиот шампионат

Привремениот репрезентативец на Македонија, Никола Костески продолжува со одличните игри оваа сезона, но повторно немаше соодветна поддршка од соиграчите и неговиот Линц запиша нов неуспех во  австрискиот шампионат.

Во рамки од 5. коло Линц беше немоќен против Ферлах и на крај загуби со 28-33, иако по првиот дел одлично се држеше и на одмор замина со само три гола негатива (10-13).

Поранешното крило на Металург својот одличен натпревар го круниса со пет погодоци и беше втор стрелец во својот тим. 

По петте одиграни кола Линц останува на последната позиција на табелата во австрискиот шампионат, со четири порази и едно реми. Шанса за деби-победа оваа сезона ќе има против Ремус, натпревар кој е закажан за следниот викенд.