Костески пак најдобар стрелец на Линц, солиден меч и за Крстевски 

Екипата на Линц продолжува со лошите резултати во австрискиот ракометен шампион, но македонскиот репрезентативец Никола Костески повторно блесна во дресот на новиот тим. 

Линц како аутсајдер го загуби мечот на гости против второпласираниот тим на Алпла Хард со 30-25, а на паркетот најдобар поединец кај поразениот тим пак беше македонското крило. 

Костески натпреварот го заврши со седум постигнати гола, од кои шест во вториот дел, додека вториот наш репрезентативец кој оваа сезона ги брани боите на Линц, Горан Крстевски, одигра солиден меч и запиша четири погодоци. 

По 13 одиграни кола во австрискиот шампионат, Линц се наоѓа во опасната зона со само осум бода, освоени со три победи и две реми средби.