Костески пак фантастичен за Линц, со 87 гола останува најдобар стрелец во Австрија! 

Повремениот македонски репрезентативец Никола Костески продолжува со фантастичните партии во дресот на Линц, откако синоќа беше еден од најдобрите поединци во победата на тимот над Барнбах од 31-27. 

Десното крило блесна во вистински момент и со пет гола во противничката мрежа му помогна на својот тим да ја запиша четвртата победа во новата сезона на австрискиот шампионат, од 14 одиграни кола. Со новата одлична партија, Костески повторно се искачи на врвот во листата на стрелците во ХЛА лигата, со вкупно 87 постигнати гола. 

На ниво на овој натпревар беше и вториот македонски репрезентативец, кој од оваа сезона ги брани боите на Линц, Горан Крстевски, кој зад своето име запиша исто така пет гола.