Костески: Паднавме психички, не ја потценивме Аргентина

Кога млади момчиња ќе загубат на начин на кој што кадетите загубија синоќа против Аргентина, постои ризик за ментален пад. Сепак, Данило Брестовац денес ја започна мисијата наречена Нигерија.

Ракометарите треба да го избришат поразот од Аргентина, иако еден од адурите на македонската селекција, крилото на ППД Загреб, Ненад Костески го откри разочарувањето. 

„Паднавме психички, не го потценивме противникот. Го загубивме второто полувреме, откако во првото бевме одлични. Дозволивме да ни се случи тоа што не смееме да го дозволиме. Мора да се поправиме на наредните натпревари“, истакна крилото Костески.

Денес избраниците на Брестовац имаат редовна рекуперација и тренинг пред утрешниот натпревар против Нигерија.