Костески одново перфектен во дресот на Холабрун

По фантастичниот натпревар против Кремс, поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Никола Костески одново одигра одличен меч за својот нов клуб Холабрун, но неговите четири гола не беа доволни за нова победа.

Во Втората лига на Австрија, Холабрун за противник го имаше тимот на Фиверс и во натпревар со многу борба и неизвесност на крај забележа пораз од четири гола разлика, 25-21.

Македонецот беше втор стрелец во својот тим, со четири гола од исто толку обиди, додека неговиот соиграч Влатко Митков беше автор на еден погодок. 

Костески ова лето имаше понуди да се пресели во неколку екипи од Бундеслигата и Европската лига, но поради проблеми со документацијата понудите не се реализираа.