Костески не промаши од пет обиди, но Линц со пораз ја отвори сезоната во Австрија

Екипата на Линц, за која и оваа сезона настапува нашиот ракометар Никола Костески, со пораз ја стартуваше новата сезона во австриската прва лига.

Иако во своите редови го имаше расположениот Македонец, Линц немаше сили за изненадување на гости кај Грац и забележа минимален пораз од 25-22. 

Повремениот македонски репрезентативец одигра без грешка, беше втор стрелец засвојот тим, откако запиша пет гола од исто толку обиди. 

Инаку, Костески од оваа сезона е единствениот македонски ракометар кој ги брани боите на Линц, откако репрезентативецот Горан Крстевски се реши за нов предизвик и се пресели во романски Фочани.