Костески ја доби наградата за одличните игри, го продолжува договорот со Линц

Иако на маса имаше неколку понуди, Никола Костески се реши да остане во Австрија, каде што оваа сезона блесна со своите настапи во дресот на Линц.

Привремениот репрезентативец на Македонија, минатото лето од Татран Прешов се пресели во австрискиот шампионат, каде што ја одигра најдобрата сезона во својата кариера. Заради одличните партии пристигна и наградата од челните лица на клубот и Костески најверојатно ќе остане уште една сезона во Линц.

Стружанецот беше водечка сила на својот клуб оваа сезона, која поради пандемијата не се доигра. Беше најдобар поединец во редовите на Линц, а со 129 гола заврши на втората позиција на листата на стрелците во австрискиот шампионат.

27-годишното крило својата кариера ја започна во редовите на Струга, а во Македонија настапуваше уште за Борец и Металург. Во 2017 година го имаше првото интернационално искуство и се пресели во Турција, во редовите на Селкаспор, од каде на почетокот на 2019 го засили Татран Прешов.