Костески игра во животна форма – се најде во потесниот избор за најдобро десно крило во Австрија

Екипата на Линц не бележи позитивни резултати во новата сезона на првата ракометна лига во Австрија, но нашиот интернационалец Никола Костески блеска со своите игри.

Поранешниот репрезентативец на Македонија е меѓу најдобрите ракометари на Линц оваа сезона и со својот ефект е сместен меѓу првите стрелци во шампионатот, а неговото име се најде и во изборот за најдобро десно крило во лигата.

Спусу лигата го стави нашиот ракометар меѓу тројцата најдобри десни крила во првенството, а во следниот период фановите ќе имаат можност да го дадат својот глас и да го изберат најдобриот ракометар на таа позиција. 

Костески пред два дена со шест гола беше водечка сила на Линц во првата овосезонска победа на тимот во австрискиот шампионат, а претходно на дуелот со Кремс запиша десет гола.