• Горан Упале
Поранешниот македонски репрезентативец Никола Костески одигра нов фантастичен натпревар за Линц во австрискиот шампионат.
Линц на домашен терен освои важен бод против Вест Виен (29-29), а нашето крило повторно блескаше на паркетот и благодарение на седумте гола повторно доби индивидуално признание и беше избран за МВП на натпреварот. Костески беше речиси непогрешлив од своја позиција, а двапати на мајсторски начин, од многу тешка позиција го надмудри противничкиот голман.
- Погодоците на Костески против Вест Виен:
Инаку, за македонското крило ова беше второ МВП признание во низа, откако за најдобар беше избран и на претходниот натпревар со Фајверс.