Костески и Серафимов се најдобри стрелци по групната фаза на СП

Македонските репрезентативци Ненад Костески и Мартин Серафимов се на врвот на листата на стрелците по крајот на групната фаза на Светското првенство (СП) за кадети кое се игра во нашата земја.

Костески, кој настапува како крило, е лидер на листата со вкупно 40 постигнати гола на пет натпревари, или во просек осум гола по натпревар. Тој има ефикасност од 78%, односно 40 погодени шута од 51 обид.

Второто место му припаѓа на Мартин Серафимов со 37 гола на пет натпревари, или во просек 7,40 по натпревар. За разлика од Костески, повеќето голови на капитенот доаѓаат од пенал, а има ефикасност од 55% (37/67).

Третото место по групната фаза му припаѓа на Фарук Јусуф од Нигерија со 36 гола. Во осминафиналето Македонија ќе игра против селекцијата на Португалија.