Костески и Крстевски поуспешни од Митков во „македонското дерби“ во Австрија

Екипата на Линц славеше во „македонското дерби“ во австрискиот ракомет, откако како гостин со убедливи 25-32 го победи тимот на Брегенц, ривал за кој настапува поранешниот наш репрезентативец Влатко Митков.

Никола Костески и Горан Крстевски одиграа солидна партија за дресот на Линц, крилото постигна шест гола, додека поранешниот член на Еурофарм Пелистер реализира четири пати. 

На другата страна, пак, искусниот Влатко Митков со пет гола беше втор најдобар стрелец за Брегенц.

И Брегенц и Линц останаа без шанси за шампионската титула во австрискиот шампионат и до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во елитата.