Костески и Крстевски непогрешливи, Линц испушти победа против Грац

Македонските интернационалци Горан Крстевски и Никола Костески одиграа фантастична партија во дресот на својот Линц, кому му обезбедија голем бод на натпреварот против фаворизираниот Грац. 

Нашите ракометари уште еднаш ја потврдија одличната форма, во која се наоѓаат во овој период и мрежата на противникот ја затресија 11 пати. Средниот бек беше поуспешен со шест гола, додека десното крило зад своето име запиша пет погодоци.

По 16 одиграни кола  во австрискиот шампионат Линц ја зазема претпоследната деветта позиција на табелата со 11 бода, шест помалку од Швац кој е на петтото место (последно кое води во плеј-офот). 

Костески игра одлична полусезона и е еден од најдобрите стрелци во австрискиот шампионат, но и покрај тоа не доби повик од Данило Брестовац за претстојниот европски собир во јануари следната година. За разлика од него, Крстевски се најде во поширокиот список на македонскиот селектор.